За Мене


М-р. Васил Атанасов, обоа

    Времеплов

Повеќегодишната исполнителска дејност на обоистот М-р Васил Атанасов (р. 1957) му дава впечатлив белег на богатиот музички живот на Република Македонија. Неговите бројни настапи пред домашната и странска публика секогаш се вистинско доживување на убавото, потврдување на докажаните и откривање на новите вредности.Васил Атанасов завршил Факултет за музичка уметност при Универзитетот “Св. Кирил и Методика”  вo Скопје, а потоа и магистерски студии на истиот, наследувајќи го традиционално високото ниво на македонската дувачка школа. Од тогаш почнува неговата успешна кариера на концертен уметник проследена со 6poјни признанија од  критиката и jaвноста. Меѓу нив се издвојуваат наградите: Специјална диплома (1980) за учество во финалето на Меѓународниот натпревар, на Музичката младина, за обоисти во Белград, наградата “Млад Борец” за Hajyспешно годишно остварување за изведба на Концертот за обоа и оркестар од Р. Штраус (1984), Диплома (1979) и две награди (1983. и 1989) на натпреварите на Музичките уметници во Загреб (Р. Хрватска), Златна лира од Cojyзoт на музичките уметници на Македонија (1989) и “13 ноември” – признание на град Cкопје “за особени остварувања во репродуктивната уметност” (1991). Освен солистичките, Атанасов остварува и 6poјни настапи во различните камерни состави, за подоцна да стане член на прочуениот Скопски дувачки квинтет. Денес, тој успешно им го пренесува своето искуство на младите изведувачи – ученици вo Музичко-балетскиот училишен центар “Илија Николовски-Луј”, а од 1995 година е директор на Македонската Филхармонија- институција во која што долги години е прв обоист.Обоата на Васил Атанасов звучела на концертните подиуми ва Македонија и поранешна Jyгoславија, Шведска, поранешна Чехословачка, Италија, Франција, Бугарија, Typцијa, Виетнам, Грција… Нејзините звуци ja пленувале искусната публика на реномираните фестивали “Охридско лето”, Интернационалниот фестивал на камерна музика “Пловдив”, Денови на музиката во Херцег Нови, Будва-театар град. Повеќе радио и телевизиски куќи направиле трајнии записи на неговите интерпретации.Богатиот репертоар на Васил Атанасов го сочинуваат делата од различни историски епохи. Покрај опусите на прочуените автори од барокот, кои особено го негувале овоj инструмент.

1957
Васил Атанасов е роден во Република Македонија.
1979
Диплома Од Натпреварите На Музичките Уметници Во Загреб (Р. Хрватска).
1980
Специјална Диплома За Учество Во Финалето На Меѓународниот Натпревар, На Музичката Младина, За Обоисти Во Белград.
1983
Награда Од Натпреварите На Музичките Уметници Во Загреб (Р. Хрватска).
1984
“Млад Борец” За Hajyспешно Годишно Остварување За Изведба На Концертот За Обоа И Оркестар Од Р. Штраус.
1989
Награда Од Натпреварите На Музичките Уметници Во Загреб (Р. Хрватска).
1989
 “Златна Лира” Од Cojyзoт На Музичките Уметници На Македонија.
1991
“13 Ноември” – Признание На Град Cкопје “За Особени Остварувања Во Репродуктивната Уметност”.
1995
Станува Директор На Македонската Филхармонија- Институција Во Која Што Долги Години Е Прв Обоист.

Toj изведува оригинални и аранжирани композиции за обоа од подоцнежните стилски периоди. Посебно место во овоj репертоар заземаат делата од македонските композитори, честопати создавани специјално за овој уметник и премиерно изведени од него – секогаш со максимално залагање и интерпретаторска убедливост. Овој уметник, воедно е и постојан учесник на “Деновите на македонската музика” – манифестација на домашното композиторско творештво. Богатиот репертоар на Васил Атанасов го сочинуваат делата од различни историски епохи. Покрај опусите на прочуените автори од барокот, кои особено го негувале овоj инструмент, Toj изведува оригинални и аранжирани композиции за обоа од подоцнежните стилски периоди. Посебно место во овоj репертоар заземаат делата од македонските композитори, честопати создавани специјално за овој уметник и премиерно изведени од него – секогаш со максимално залагање и интерпретаторска убедливост. Овој уметник, воедно е и постојан учесник на “Деновите на македонската музика” – манифестација на домашното композиторско творештво.

“Викторија Коларовска-Гмирја, музиколог”

* * *

 


Со почит,

signature01